Американскиот претседател Трамп се врати во Белата куќа и таму пшродолжува со лекувањето од коронавирусот после три ноќи поминати во болница.
Тој ја тргна маската стоејќи на балконот на Белата куќа, каде последните денови позитивни тестови имаа неговите помошници.
„Се чувствувам навистина добро“, твитна Трамп, „Не се плаши од Ковидот, не му дозволувај тој да доминира во твојот живот“.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 5, 2020
Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, Антони Фаучи, смета дека состојбата на претседателот Доналд Трамп, кому му беше дијагностициран коронавирус, се уште може да се влоши, пренесува Тасс.
-Проблемот е во тоа што болеста е се уште во рана фаза. Не е тајна дека има случаи во клиничката историја кога луѓето повторно се разболуваат (реверзија) по пет до девет дена, предупреди Фаучи синоќа за Си-Ен-Ен.
„Реверзијата значи погрешна насока и проблеми“, објасни тој.
-Ова веројатно нема да се случи, но лекарите на претседателот треба да бидат будни, препорача Фаучи, додавајќи дека според неговата оценка шефот на државата, кој се врати во Белата куќа од медицинскиот центар „Валтер Рид“, изгледа многу добро.
Најдобриот специјалист за инфективни болести во САД смета дека е многу веројатно дека на Трамп му помага некаков експериментален лек базиран на антитела. Фаучи појасни дека тој самиот не бил запознаен со лекувањето на претседателот.
Трамп планира следната недела да учествува на закажаната претседателска дебата со неговиот демократски ривал, Џо Бајден, и покрај неговата минатонеделна дијагноза за инфекција со коронавирус, изјави неговиот портпарол за „Фокс њуз“, пренесе ДПА.
-Претседателот има намера да дебатира, изјави Тим Мурто за телевизијата на помалку од еден час откако Трамп го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“, каде се лекуваше од Ковид-19.
Втората дебата, појаснува ДПА, на која кандидатите треба да одговорат на прашања од гласачите, треба да се одржи на 15 октомври во Мајами.
Постоеше загриженост дека Трамп можеби бил заразен на неговата прва дебата со Бајден во вторникот, кога претседателската двојка беше застаната на оддалеченост од само два метра.
Двајцата кандидати, на возраст од над 70 години, се во категоријата на високо ризични луѓе за оваа зараза, додава германската агенција.
Бајден во последниве денови постојано има негативни тестови за присуство на вирусот во неговиот организам и порачува дека е подготвен да учествува во следната дебата доколку здравствените експерти велат дека е безбедно тоа да се стори.
Утре треба да се оддржи потпретседателската дебата меѓу кандидатите за оваа функција, актуелниот републиканец Мајк Пенс и кандидатката за демократи Камала Харис.