Најважни Свет

Трамп се врати во Белата куќа и ја извади маската, Фаучи предупредува на можно влошување 

Американскиот претседател Трамп се врати во Белата куќа и таму пшродолжува со лекувањето од коронавирусот после три ноќи поминати во болница.

Тој ја тргна маската стоејќи на балконот на Белата куќа, каде последните денови позитивни тестови имаа неговите помошници.

„Се чувствувам навистина добро“, твитна Трамп, „Не се плаши од Ковидот, не му дозволувај тој да доминира во твојот живот“.

Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, Антони Фаучи, смета дека состојбата на претседателот Доналд Трамп, кому му беше дијагностициран коронавирус, се уште може да се влоши, пренесува Тасс.

-Проблемот е во тоа што болеста е се уште во рана фаза. Не е тајна дека има случаи во клиничката историја кога луѓето повторно се разболуваат (реверзија) по пет до девет дена, предупреди Фаучи синоќа за Си-Ен-Ен.

„Реверзијата значи погрешна насока и проблеми“, објасни тој.

-Ова веројатно нема да се случи, но лекарите на претседателот треба да бидат будни, препорача Фаучи, додавајќи дека според неговата оценка шефот на државата, кој се врати во Белата куќа од медицинскиот центар „Валтер Рид“, изгледа многу добро.

Најдобриот специјалист за инфективни болести во САД смета дека е многу веројатно дека на Трамп му помага некаков експериментален лек базиран на антитела. Фаучи појасни дека тој самиот не бил запознаен со лекувањето на претседателот.

Трамп планира следната недела да учествува на закажаната претседателска дебата со неговиот демократски ривал, Џо Бајден, и покрај неговата минатонеделна дијагноза за инфекција со коронавирус, изјави неговиот портпарол за „Фокс њуз“, пренесе ДПА.

-Претседателот има намера да дебатира, изјави Тим Мурто за телевизијата на помалку од еден час откако Трамп го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“, каде се лекуваше од Ковид-19.

Втората дебата, појаснува ДПА, на која кандидатите треба да одговорат на прашања од гласачите, треба да се одржи на 15 октомври во Мајами.

Постоеше загриженост дека Трамп можеби бил заразен на неговата прва дебата со Бајден во вторникот, кога претседателската двојка беше застаната на оддалеченост  од само два метра.

Двајцата кандидати, на возраст од над 70 години, се во категоријата на високо ризични луѓе за оваа зараза, додава германската агенција.

Бајден во последниве денови постојано има негативни тестови за присуство на вирусот во неговиот организам и порачува дека е подготвен да учествува во следната дебата доколку здравствените експерти велат дека е безбедно тоа да се стори.

Утре треба да се оддржи потпретседателската дебата меѓу кандидатите за оваа функција, актуелниот републиканец Мајк Пенс и кандидатката за демократи Камала Харис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оштетени кабли и булевар, Арсовска лови дивоградби во Чаир, чека градоначалникот Ганиу да ги урива

Дејан Дејан

Завршни консултации меѓу претседателката и премиерот за новиот гувернер

Дејан Дејан

Застрелан со неколку куршуми додека ги водел децата на училиште – советник на поранешниот украински претседател Јанукович убиен во Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе