Македонија Топ вести

Се укинуваат ПЦР тестовите, транзитот на патници во регионот е слободен

Задолжителните ПЦР тестови за патување во регионот повеќе нема да бидат потребни. Владата одлучи да ја укине обврската според која државјаните на Србија, Црна Гора, Косово и Албанија мораа да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа при влез во Македонија без разлика дали транзитираат или не а одлуката стапува на сила во понеделник.

Укинувањето на задолжителните тесови е регионална иницијатива и е реципроцитетна што значи дека и македонските државјани ќе може да патуваат во Косово, Црна Гора и Србија без да прават ПЦР тест.

Албанија беше единствената држава во регионот каде што досега можеше да се патува без никакви процедури и протоколи.

„Донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен ПЦР тест. Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез или транзит во нашата земја да приложат негативен ПЦР тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест“ – вели Заев.

Одлуката на Владата доаѓа по препорака на Комисијата за заразни болести. Анализите на епидемиолозите покажале дека и покрај високите бројки на новозаболени во некои од тие држави, сепак кај нас не се регистрирани голем број на импортирани случаи од овие четири држави што беше основата на препораката.

Во регионот најниски бројки на нови случаи има во Косово и Србија и тие во последните пет дена се движат меѓу 50 и 110 случаи дневно.

Во Црна Гора бројките се движат од 190 до 240 случаи додека во Албанија се околу 150 новозаболени дневно.

Грција соопшти дека до 12 октомври останува на сила одлуката според која на македонските државјани им е забранет влез во државата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе