Свет

Белата куќа ги блокираше насоките на ФДА за масовна употреба на вакцина

Белата куќа ги блокираше новите упатства од Управата за храна и лекови за пласирање на пазарот на потенцијални вакцини против Ковид-19, кои речиси сигурно би спречиле нивна употреба пред претседателските избори.

Според новите насоки на американската Управа за храна и лекови (ФДА), клиничките испитувања на компаниите кои работат на развој на вакцини против Ковид-19 треба да траат најмалку два месеци, со цел да се утврди нивната безбедност пред да се побара одобрение за итна употреба.

Висок официјален претставник го потврди потегот, за кој прво информира Њујорк Тајмс и рече дека Белата куќа верува оти не постои „клиничка или медицинска причина“ за тоа дополнително барање.

Ова е последен во низата примери за поткопување на напорите на здравствените експерти во борбата против пандемијата, поради која досега починаа повеќе од 210.000 Американци, коментираат американските медиуми.

Управата за храна и лекови (ФДА) со недели се обидува да ја зајакне довербата на јавноста во ревизијата на упатствата за потенцијални вакцини.

ФДА истакнува дека научниците, а не политичарите, ќе утврдат дали вакцините се безбедни и ефикасни за масовна употреба.

Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп постојано инсистира на тоа дека вакцините треба да бидат одобрени пред изборите, иако врвните владини научници кои работат на напорите на администрацијата во врска со вакцината, изјавија дека е мала веројатноста такво нешто да се случи.

Администрацијата за храна и лекови забележува дека итно одобрување за употреба на вакцината може да се издаде пред крајот на годината.

Упатствата блокирани од Белата куќа се низа необврзувачки документи кои ФДА рутински ги користи за да ги советува компаниите за истражувањата и регулаторните стандарди за медицински производи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин

Дејан Дејан

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе