Македонија

Без вода и тоалети почна академската година во Високата медицинска школа во Битола

Без вода и без санитарни јазли кои се во фаза на реновирање.   Во вакви услови почна  новата академска година на  Високата медицинска школа во Битола.

Додека се изведуваат граджените работи во тоалетите, студентите помеѓу две предавања  седат  во прашливите ходници. Не само што нема вода во овој дел од објектот, туку немаше ниту средства за дезинфекција.

Ова е школа  каде се образоваат здравствени работници и недозволиво е да изгледа вака во време на најголмата пандемија, реагираат универзитетските професори.

-Пет-шест месеци нема воопшто водо, нема тоалети, во мојот кабинет има прст прашина, нема ниту едно дезинфекционо средство. Ова е државна институција. Не можете да ги гоните угостителите, а да ги оставите ваѓите институции кои што ги плаќате, односно раководителите на тие институции да се однесуваат неодговорно. Ова е крајност, вели проф.др Томе Наумов, професор по екологија

Професорката  Снежана Стоилова, вели дека наставата ќе се одива комбинирано, но,  инсистирала барем првите часови со студентите да бидат со физичко присуство.

Денес  имала предавање по предметот епидемиологија, што вели е парадокс во вакви услови.

-Апсолутно нема услови.  Тоа е основно, елементрано да се обезбедат услови, затоа што знаеме не само КОВИД-19 туку и сите други заразни болести се пренесуваат ако одиме кон изворот на зараза и патиштатат на пренесување. Ние не можеме да се заштитиме ако не ги спречиме и прекинеме, вели проф-др Снежана Стоилова., професор по епидемиологија и инфектологија.

Студентите кои ги затекнавме, ја одбегнаа камерата и  не сакаа да зборуваат

-Често велат не сме информирани, не знаеме. Веројатно тое се должи на линија на помал отпор, страв од нешто, иако тие треба да се авангардата на едно општество. Тие се силата на општеството. Да кажат и во однос на наставниот процес, на условите, вели Стоилова.

Директорката на Вискота медицинска школа Домника Рајчановска, во писмениот одговор вели дека реновирањето на толетите започнало во јули и се очекува да зврши до крајот на неделата, но за вработените обезбедиле алтернатива.

“За време на оваа состојба за сите вработени во Школата и странки е обезбеден санитарен јазол, со вода и дезинфекциони средства во останатиот простор во Школата. Од почетокот на пандемијата ВМШ ги почитува и спроведува сите протоколи за заштита“, вели Домника Рајчановска, директор на ВМШ-Битола

Дел од професорите тврдат дека ова не се единствените проблеми, затоа што Школата работи со професорски кадар под законскиот минимум.

Директорката, пак, вели Школата функционира во согласност со Законот за високо образование.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе