Свет Топ вести

Трамп критикуван заради екскурзијата пред болницата каде се лекува за Ковид-19

Американските медицински експерти ја критикуваат одлуката на претседателот Доналд Трамп да излезе од болницата во која се лекува од Ковид 19 и од автомобил ги поздрави своите верни поддржувачи.

Загриженоста е дека Трамп, кој имаше маска на лицето, на тој начин можеби ги загрозил агентите на тајната служба кои беа со него во возилото.

Белата Куќа соопшти дека кусата екскурзија на Трамп била одобрена како безбедна од страна на медицинските експерти.

Трамп им мафташе со рака на своите најлојални симпатизери пред болницата Волтер Рид, во близината на Вашингтон, откако претходно во видео порака најави, како што рече,  изненадување за патриотите.

Во својата куса порака, 7 месеци по избувнувањеот на пандемијата, Трамп се пофали и дека многу научил за корона вирусот.

“Значи, ова беше многу интересно патување. Научив многу за Ковид. Научив многу како во “школо”. Ова е вистинското школо. Ова не е “ајде да ја прочитаме книгата” школо и јасно ми е и го разбирам ова. Многу интересна работа. Ќе ви раскажам се за ова. Во меѓувреме, ние ги сакаме соединетите американски држави и го сакаме тоа што се случува” –порача Трамп во видеото.

Одлуката на Трамп да се вози со агентите од тајната служба е против сите правила на карантин на лицата кои се под третман за коронавирусот и ги загрозила агентите на тајната служба кои биле со него во возилото, реагираат експертите.

Докторот Џејмс Филипс, кој работи во истата болница каде што е сместен Трамп на твитер напишат дека претседателското возило не е заштитено само од куршуми, туку и херметички е затворено, како одбрана од хемиски напад. Затоа ризикот за пренос на Ковид-19 во возилото е најголем можен, надвор од медицинските процедури.

“Неодговорноста е зачудувачка. Моите мисли се со тајната служба која беше присилена на оваа игра” – напиша Филипс на твитер.

Мистерија останува и прашањето колку е болен Трамп. Иако неговиот доктор тврди дека неговата состојба се подобрува побргу од очекувањата, па дури можеби и денеска ќе биде ослободен од болницата, подоцна беше потврдено дека тој бил ставен и на кислородна поддршка, откако нивото на заситеност со кислород два пати се намалило во текот на два дена.

Покрај терапијата со анти-тела, лекот ремдисивир, Трамп бил лекуван и со стероидот Дексаметазон, кој најчесто се дава на сериозни случаи.

Се зголемува и списокот на луѓето околу претседателот, кои се позитивни на вирусот.

Досега ги вклучува неговата сопруга Меланија, високи советници, републикански сенатори. Белата Куќа одбива да даде детални информации за точниот број на заразени од кластерот Трамп.

“Не. Знаете, постои загриженост за заштита на приватноста. Ние сме многу сериозни за заштита на информациите за персоналот овде во Белата Куќа. Тоа е нашиот став сега” – тврди портпаролката на Трамп.

Трамп е хоспитализиран од петокот, откако неколку часа претходно соопшти дека е позитивен на корона вирусот.

Неговата дијагноза доаѓа во критичен момент, на помалку од еден месец пред претседателските избори , каде повеќето анкети најавуваат и пораз на Трамп од ривалот од демократската партија, Џо Бајден.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе