Економија

Ребаланс: Буџетски дефицит од 920,3 милиони евра, пад на БДП од 4,4 проценти

Единствена извесност во оваа криза е неизвесноста. Вака министерот за финансии Фатмир Бесими ја образложи потребата од уште еден ребаланс на државната каса со кој наместо заздравувањето на економијата во третиот и растот во четвртиот квартал од годинава, како што проектираше неговата претходничка Ангеловска, земјава ја очекува рекорден пад на Бруто-домашниот производ од 4,4 проценти.

Со ребалансот, втор за годинава, расходите во државаната каса ќе достигнат 4,1 милијарда евра, а приходите треба да останат исти или 3,2 милијарди евра. Ќе расте буџетската дупка и ќе изнесува рекордни 920 милиони евра или 8,4 проценти од БДП.

Тоа е за  170 милиони евра повеќе од првиот ребаланс со кој дефицитот се искачи на 750 милиони евра и 637 милиони повеќе од првичниот план од 280 милиони евра буџетски дефиците планиран за годинава.

И покрај еврообврзницата од 700 милиони евра и задолжувањата со првиот ребаланс, пак ќе има ново задолжување, овој пат само на  домашниот пазар за околу 200 милиони евра.

Иако расходите во државаната каса пораснаа за речиси 170 милиони евра, министерот тврди се крателе непродуктивните трошења во институциите. Односно набавките на мебел, возила, реновирања на институциите и дел од капиталните проекти кои немало шанси да се реализираат годинава.

За разлика од владата, меѓународните финансиски институции се поголеми песимисти и ни предвидуваат пад на БДП од над 5 проценти.

Министерот не откри со новите задолжувања колку ќе се искачи јавниот долг на земјава, односно колку дополнително ќе треба да враќаме во наредните години.

Кажа само дека очекува да порасне еден процентен поен, што би значело дека ќе ја надмине границата од 60 проценти од БДП.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе