Свет Топ вести

Над 73 милиони гледачи ја следеле правата тв-дебата Трамп-Бајден

Повеќе од 73 милиони луѓе во САД го следеа првиот круг на предизборните телевизиски дебати меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џозеф Бајден. Тоа го покаќуваат податоците на компанијата Ниелсен.

Според компанијата, околу 17,8 милиони Американци ја следеле дебатата на Фокс Њуз, 12,6 милиони на Еј-Би-Си Њуз и 9,7 милиони на Ен-Би-Си. На другите канали имало помала гледаност.

Забележано е дека пресметките не се земени предвид бројните преноси на интернет.

Изборната дебата во 2016 година беше со рекорден број гледачи во историјата на САД. Тогаш конфронтацијата помеѓу Трамп и Хилари Клинтон ја следеа околу 84 милиони луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе