Штип и Пласница ќе избираат нови градоначалници пред Нова година, откако Благој Бочварски и Исмаил Јаховски градоначалничките фотељи ги заменија со министерска и пратеничка.
Владата синоќа ја констатирала предлог одлуката за престанок на градоначалничкиот мандат на Бочварски, а денеска веќе е доставена до претседателот на Собранитето, Талат Џафери, кој е надлежен да ги распиши изборите за градоначалник во Штип и Пласница.
Според Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски тоа значи дека доколку се оди според законските термини, првиот круг ќе биде на 13, а вториот на 27 декември.
Законот во моментов не предвидува вонредни локални избори, со кои би се скратиле роковите, но се ќе зависи од одлуката на претседателот на Собранието, Џафери и на Државната изборна комисија. Во двете општини на своите избирачки места со право на глас се околу 50.000 граѓани.
Со општина Штип, раководи заменик градоначалник, а по оваа одлука се очекува деновиве советниците да изберат веде градоначалник. Партиите веќе на терен го испитуваат расположението за можните кандидати за градоначалници.
Граѓаните нова локална власт, градоначалници и советници ќе избираат наесен наредната година, а дотогаш се очекува и да бидат изгласани низа на закони за продолжување на процесот на децетрализација, но и за првите отворени советнички листи.
Викторија Јованова