Сопствениците на угостителски објекти – ноќни барови, дискотеки и кабареа побараа итна средба со Владата, незадоволни што не се опфатени со најновиот пакет мерки за помош на стопанството за справување со ковид кризата. Порачуваат дека од 14 март, од кога се затворени се најпогодени од кризата, а за нив нема никакви мерки за помош и дека по повеќе од шест месеци присилно затворени, без никаква помош доведени се до состојба на финасиски колапс.
При донесувањето на четвртиот пакет мерки за помош од владата на 27.09.2020 сме дискриминирани бидејки не сме опфатени во финансиските грантови кои беа доделени на објекти кои се во иста категорија со нас т.е сали за организирање свадби и веселби и игротеки. Бараме итна средба на претставниците од владата за објектите од овој вид, итно донесување на пакет финансиски мерки во вид на грантови како би ги сервисирале задолженијата кои настанале со неработењето на објектите повеќе од 6 месеци , како и протоколи за работа по кои полека би ги вратила во нормала објектите од ваков тип, пишува меѓу другото во барањето за итна средба со владини претставници, во кое се инстира и на протоколи за нивно повторно отворање.