Вести Македонија Најважни

На ГАК новороденче родено позитивно на Ковид 19

Бебе кое се родило на ГАК е позитивно на корона вирус, тврдат извори за Телма од клиниката. Тоа е изолирано во посебна просторија, и се смета дека е можно да е првото новороденче кое се заразило со вертикална трансмисија од мајката. Од клиниката за гинекологија ја потврдуваат оваа информација но оставаат простор за сомнеж бидејќи со тоа ова би било прв случај на вертикална трансмисија на Ковид 19 што до сега не беше докажано дека постои.

По препорака на министерството се прави уште еден тест и се чекаат резултатите. Ниту мајката ниту новороденчето немале симптоми што уште повиќе го подгрева сомнежот на докторите. Веднаш после пораѓајот се собрале и педијатрите за да ја утврдат здравствената состојба на бебето. Мајката пак имала позитивен тест но само на еден антиген а не на двата потребни, сега ќе се чекаат и нејзините резултати. Таа имала хроничен б хепатит, па поради тоа бебето морало итно да се даде на доење кај мајката. Инаку до сега ваков случај не е потврден во земјава, па се очекува во текот на денот додатните испитувања да покажат дали е можно ковид 19 да се пренесува со вертикална трансмисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе