Бројот на починати од корона вирусот во светот надмина еден милион, пробивајќи ја новата психолошка граница во пандемијата.
Половина од починатите се во САД, Бразил и Индија. Заболени се речиси 34 милиони луѓе, но голема е веројатноста оваа бројка да е многу повисока, бидејќи многу земји се помалку тестираат, и со тоа не се пријавува ниту смртноста. Со доаѓањето на зимските месеци и стравувањата од нов посилен корона бран, се претпоставува дека брзите тестови најмногу би помогнале. СЗО најави дека истите ќе бидат достапни за сите земји во светот.
Голем број од овие брзи тестови – 120 милиони – ќе бидат достапни за сиромашните и средно платежните земји. Овие тестови ги овозможуваат резултатите за 15 до 30 минути, за разлика од оние кога се чека со часови или денови за пониска цена, но и со помалку софистицирана опрема, вели генералниот директор на сзо тедрос аданом гебрејесус.
Брзите тестови ќе дојдат и кај нас. Ги најави министерот Филипче во вчерашната Топ Тема. Преку нив, според Филипче, ќе им се оласени и делувањето на докторите, кои за брзо ќе знаат како да постапуваат со пациентите кои ќе доаѓаат во болниците.
Со завршувањето на летните месеци, Европејците тешко се навикнуват да се вратат на старите навики и почитување на мерките. Се враќаат ригорозните правила. Холандија веќе е на листата во црвената зона. Властите не можат да ги спречат луѓето да не се забавуваат, и од денеска во баровите ќе можат да седат само до 22 часот. Холанѓаните ќе бидат ограничени наредниве три недели.
Ние даваме се од себе, но вирусот подобро се снаоѓа, и затоа мораме да делуваме за да ги заштитиме ранливите околу нас, луѓето во болниците, домовите за стари, за бизнисите и за нас самите. Мора да си ги ограничиме слободите, вели холандскиот министер за здравство хуго де јонг.
И Велика Британија ги враќа старите правила. Со над 4000 заболени три дена по ред, од денеска забрането е одење по гости, забранети се собири, а на пабовите и рестораните вчера им беше последен ден со неограничено работно време. Британците ноќта ја искористија за забава без ограничувња, а најмалку за носење маска.
Според анализите, во септември на дневно ниво од КОВИД 19 во светот умираат по петипол илјади луѓе, односно 226 лица во еден час.
Алиса Шутиноска