Македонија Најважни

Кривична пријава против полицаецот кој претепа Ром во Битола

Битолските Роми кои беа брутално нападнати и тепани од полициски службеници бараат одговорност за непрофисионалното и насилно однесување и велат ќе тужат за повредите со кои се здобија во овој инцидент. Тие пред камерата на Телма раскажуваат за настанот што се случи во понеделникот после полноќ, а на коj му претходеше сообраќајна незгода. Признаваат дека биле под дејство на алкохoл и со возилото удриле во електричен столб во центарот на Битола, а откако  живи и неповредени излегле од автомобилот, велат физички биле нападнати од полицајците.

Го кутна детето долу, го тепаа. Ги прашав зоштот го тепате, што направивме, убиство не извршивме, почна и на мене да мава. Со клоци, со пендраци, со се ме тепаа, рече Невзат Јашаровски.

Направив слика кога полицаецот го собори мојот другар Фикрет, дојде ми го зеде телефонот и ме удри со две три тупници. Му влам господине што ми направивте, ми ја скинавте акркадата, што е ова, вели Сафет Велиовски

Тврдат дека сите имаат повреди здобиени при тепањето. Сафет Велиоски на лицето, Невзат Јашаровски на главата и вратот, неговиот син Фикрет, се здобил со внтрешно крварење. 60 годишниот Стки Раповски, кој е инвалид, има  скршеница на раката затоа што, вели, бил грубо турнат од полицајците.

Ме извадоа од колата, јас ја зедов патерицата, полицаецот ми ја заврте раката и директно манав во полицајското комбе, вели Стрки Раповски.

Од Невладината „Баирска светлина“ од Битола,  велат дека ова не е првпат Роми да се соочуваат со полициска бруталност, а за да не се повтроуваат вакви настани, повеќе  ромски органзиациии  најавуваат протес за утре.

Знаеме дека во одредени ситуации има  прекршоци од Ромите, но има казнени одредби и според нив треба да одговараат, а не да се постапува на ваков  начин и секогаш да бидат малтретирани и тепани Ромите, вели Ремзи Медик, НВО „Баирска светлина“

Од Министерството за внатрешни работи вчера соопштија дека Одделот за внатрешна контрола  го утврди идентитетот на учесниците во настанот и се  преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Осуда за полициската бруталност има до голем број домашни и меѓународни асоцијации, а настанот го осудија и од Владата од каде велат дека очекуваат одговорност и соодветни санкции.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе