Свет

Во Србија се урна воен авион, пилотот загинал

Авион „Миг 21“ на српската војска се урна утрово околу 9:00 часот во атарот на селото Брасина кај Мали Зворник при извршување на редовна задача, соопшти српското Министерството за одбрана. Според неофицијални информации, едниот пилот загинал, а по другиот се трага. Повреден е жител во чиј двор се урнал авионот, јави РТС.

Повредениот локален жител е одведен во болница во Лозница и примен на Одделот за интензивна нега, каде ќе му бидат третирани изгорениците на градниот кош, главата и рацете.

Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна утрово бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет. Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи заминале на местото на авионската несреќа и оти истрагата е во тек. Исто така, на местото на настанот е испратен е спасувачки тим, како и Итна помош, противпожарни возила и полиција.

Локалните жители велат дека авионот летал над селото утрово, а во еден момент летал многу ниско, малку над покривите на куќите.

– Отпрвин се слушаше силен звук од авионот и леташе ниско, јас и сопругата излетавме од куќата, изгледаше безопасно, се боршев, се вртеше. Потоа падна, па се крена силен чад, и веднаш отидов со автомобилот…тоа се случи за многу кратко време, изјави за РТС еден од мештаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV ја започна својата понтификална служба со свечена миса во Ватикан

Дејан Дејан

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Хутите тврдат дека лансирале балистички ракети кон аеродромот „Бен Гурион“ во Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе