Македонија

Петмина полициски службеници се претепани од дрвокрадци

Приведени се четири лица а идентификувани уште дополнителни 10 кои учествувале во нападот врз полициските службеници во велешко синоќа. Петмина полицајци беа повредени од кои еден потешко. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се вршат претреси и се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот. Очекува и брза постапка од Обвинителството.

Очигледно е дека зголеменото присуство на полицијата на терен и јасната порака дека влегуваме во пресметка со криминалот предизвикува реакции кај криминалците. Таков е и случајот со дрвокрадците кои вчера нападнаа петмина полициски службеници од кои еден е со серизни тешки телесни повреди и е во Клиничкиот центар во Скопје. Тој е контактибилен и го посетивме заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, но има фрактура на черепот и на коските на лицето, како и фрактура на подлактица, рече Спасовски.

Министерот нагласи дека секој кој ќе нападне полициски службеник ќе се соочи со законот.

Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесувања нема да се толерираат во ниту еден случај. Јасно порачуваме дека насилниците кои удрија врз полициските службеници ќе одговараат. Очекувам и брза постапка од ЈО без калкулации за заедно да придонесеме насилниците да одговараат. Мораме да ги демотивираме криминалците да го прават тоа, посочи Спасовски и додаде дека во последните 15 дена има многу оперативни акции за сузбивање на криминалитетот.

Спаосвски најави дека МВР во наредниот период поинтензивно ќе влезе во пресметка со криминалот и криминалците.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Три активни пожари на територијата на Македонија

Дејан Дејан

„Супорт Кочани“ ја покри втората пратка со компресивна облека во целост

Дејан Дејан

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе