Вести Македонија Топ вести

Цената за ковид тестовите ќе се намали за 50%

Фондот за здравство воведе нова, намалена цена на тестовите за ковид-19. Тестирањето на сите пациенти што се со индикација за ковид-19 во државните лаборатории и понатаму е бесплатно, но наместо 3.600 денари, референтната цена по која ќе им биде рефундирано на болниците и лабораториите за ПЦР тестови ќе биде 1.850 денари.

Како што објаснуваат од Фондот за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК пониската референтна цена е поради помалите трошоци за медицински и друг потрошен материјал и големиот број на тестови кои се изведуваат во серија.

„Земајќи ја предвид моменталната состојба во однос на пандемијата со коронавирусот и потребата од зголемување на бројот на пациенти за кои е потребно да се изврши молекуларна дијагностика за детекција на вирусот, како и вклучување на приватните лаборатории, кои ја даваат оваа услуга во мрежата на здравстевни установи, Комисијата за референтни цени направи ревизија на постоечката цена. На Управниот одбор на Фондот за здравство беше донесена одлука за воведување нова здравствена услуга за детекција на ковид-19 со ПВР-полимераза верижна реакција во реално време, со референтна цена помала од цената на тестот со оваа метода за другите микроорганизми“, велат од Фондот за здравство.

При формирањето на цената била направена анализа на доставените податоци за реалните трошоци од приватните лаборатории, Институтот за јавно здравје и МАНУ. Во новата цена е пресметан трошокот за персонал, режиските трошоци и потрошниот материјал за правење на тестот. Трошоците за персоналот се пресметани на 125 денари, режиските трошоци 205 денари, а материјалите за правање на тестот 1.520 денари, па оттука е донесена одлуката цената на ПЦР тестот да биде 1.850 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе