Македонија Топ вести

Жестока дебата за субвенциите за вработување по етнички клуч во Топ Тема

Мерката на владата ќе ги повика и охрабри приватните компании да користат помош од државата во зависност од структурата што ја имаат во компанијата, да вработуваат албанци, македонци, турци и припадници на другите заедници, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, во вечерашната Топ Тема во однос на прашањето на субвенциите за таканареченото вработување по етнички клуч.

Според Бектеши, ова е прашање кое е дел од владината програма, која е заедничка програма на партиите СДСМ и ДУИ. “Тоа е предвидено и секако ќе го реализираме, бидејќи како влада имаме обврска пред граѓаните тоа да го направиме” – изјави Бектеши.

Тој негираше дека има различни ставови во владата за ова прашање, посочувајќи дека било објавено и владино соопштение. Некои од мерките кои се дел од владината програма, се дел од програмата на СДСМ, други се дел од програмата на ДУИ , вели Бектеши, додавајќи дека сега има заедничка владина програма.

Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека за жал наместо да се фокусира на сериозните предизвици заради пандемијата, владата се решила да субвенционира вработување по етничка припадност.

“На крајот на денот, на македонскиот бизнис му треба интернационализација а на национализација” изјави Лазаров.

Според Лазаров, најголем проблем со кој се соочуваат приватните компании во Македонија е неквалификуваната работна сила и тоа е главниот проблем кој треба да се надмине а не да се субвенционира вработување по етничка припадност, бидејќи целиот приватен сектор се соочува со недостаток од квалификувана работна сила.

Поранешниот министер за економија, Зоран Витанов, оцени дека мерката која ја подготвува владата е нешто што економијата не го познава. “Економијата познава компетенции а не припадност, тој што зборува за припадност, не ја разбира економијата и тоа е всушност политика која е штетна за економијата” – изјави Витанов. Тој додаде дека ако владата сака некои претпријатие да е конкурентно, единствен критериум за вработување треба да бидат компетенциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе