Еден до друг, насобрани околу службеничката од Матично се луѓето кои дојдоа да си ги земат готовите документи.
Тие се малку во целиот тој хаос, коишто знаат дека веќе завршиле работа.
Трката по изводи од матичните книги, трае веќе втор ден откако институцијата десетина дена не работеше заради исклучена струја, по пожарот во истата зграда.
Десетици и десетици граѓани секој со различна обврска, но со истата мака. Не се чека со часови, туку со денови.
Луѓе и од други градови се тука. Никој не знае кога ќе дојде до парчето хартија, ниту колку денови ќе треба да чека пред вратите на институцијата во којашто луѓето се примаат еден по еден внатре, заради протоколите за заштита од Ковид.
Сето тоа оди многу споро и фрустрира – е коментарот на луѓето од редиците.
Луѓе од други градови чекаат во Скопје, за да направат упис на нешто што се случило во главниот град, информира директорот на Управата, Бујар Дарлишта.
Ако некое лице се родило или починало во Скопје, документи се поднесуваат тука, а потоа лицето може да одбере која да биде дестинацијата на изготвениот документ.
Инаку во зградата немаше струја од пред речиси две недели. Исклучена за да се провери од што настанал пожарот во истата зграда, но на спротивната страна од Матично и дали е се во ред со електричната мрежа објектот.
Светилките во Управата за водење на матичните книги светнаа вчера. Се пушташе дел по дел, за да не се создаде преоптовареност на мрежата.
Странки се примаат и поднесуваат барања за изводи за родени, венчани и починати.
Петар Догов