Економија Топ вести

Бензините поскапуваат за два, дизелот за 0,50 денари

Малопродажните цени на евродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесуваат 49,50 денари за литар, додека на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за два денара. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,762 денари и ќе изнесува 25,311 денари за килограм.

Одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела. Клучна причина за овој тренд се негативните ефекти од ураганот Сали во Америка, поради кој од минатата средата се затворени рафинериите во Мексико, со што е стопирано производството, а залихите се на минимум. Од друга страна пак, во овој период побарувачката од лесни деривати е зголемена, а поради ограничената понуда во текот на изминатата недела на светските берзи се регистрира значителен раст кај бензинските фракции и тешките мазива, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе