Вести Економија Топ вести

Додека не се реши проблемот со ГА-МА неизвесна е гасификацијата во државава

Секундарната и терциерната мрежа за гасификација на државата ќе продолжи по решавањето на проблемот со ГАМА, информираше денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини при посетата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата.

-Ова е само почеток, ова е една зградите која ја конвертиравме на гас, во однос на гасификација на државата, на запад верувам дека е изградена 75 проценти од примарната структура, а на југ 90-95 проценти, информираше Нуредини.

Прашан за постапката за прогласувањето на Шар Планина за национален парк, министерот рече дека законот е објавен на ЕНЕР и после законскиот рок ќе се разгледаат коментарите и законот ќе биде доставен за расправа во Парламентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе