Македонија Топ вести

Николовски: Нови закони, повеќе пари и ингеренции и укинување на инстутиции за ефикасна борба против корупцијата

Систем полн со недоречености и пропусти, голем број на институции и отсуство на отченост и прогон се клучните причини за високиот степен на корупција во државата смета заменик претседателот на Владата задолжен за борба против организираниот криминал, Љупчо Николовски. Законски измени, укинување на институции, систематизација на овластувања и трошоци, повеќе ингеренции  и повисок буџет на институциите кои се борат со корупцијата и криминалот се приоритетите кои тој ги најави како алатака за ефикасна борба со овој проблем но сепак без прецизно утврдена временска рамка.

Николовски најави дека за Државниот завод за ревизија, Обвинителството и Антикорупциската комисија ќе бара повеќе пари од Буџетот но и дополнување во кадарот и техничката опременост. Ќе се анализираат ревизорските извештаи а ќе се бара и законски измени со кои ревизорите ќе може да поднесуваат пријави наместо како досега само да ги доставуваат своите наоди до Обвинителството.

Кога станува збор за јавните претпријатија Николовски најави дека ќе бара отчетност и транспоарентност во финансиското работење но и во трошењето и висината на платите и надоместоците како за директорите така и за одборите. Рез ќе има во бројката на државни институции, агенции и инспекции бидејќи некои се поклопуваат со надлежностите. Исто така ќе се проверуваат именувањата и вработувањата јавните претпријатија и државните институции бидејќи највисок степен ан корупција е детектиран во вториот и третиот ешалон.

Систематизација ќе има и за службените картички и службените возила со цел да се воведе ред. Картичките ќе имаат лимит а ќе се направи и категоризација кој и како ќе може да користи службено возило.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе