Најмалку осумдесетина деца од Струмица се уште не тргнале во градинка поради изградба на нов дел во градинката во големиот градски парк.
Приемот на децата во градинката Клон 2 од детската градинка во Струмица нема да биде возможен до почетокот на октомври. Ова се прогнозите коишто денеска ги соопштија од управата на градинката.
Директорот на градинката „Детска радост“, Васил Бубев, вели дека постои опција којшато ја понудиле за згрижување на децата од оваа градинка, а тоа е адаптација на просториите на Клон 5, градинката во поранешниот објект на приватното училиште Јахја Кемал. Според Бубев, доколку добијат решение градинката ќе биде адаптирана за неколку денови.
Во текот на денот се очекува комисија од министерството за труд и социјална политика, за да се најде решение за децата во овој објект.
Сузана Мицева