Македонија Топ вести

Милошоски: Собранието да усвои декларација за потврдување на македонскиот идентитет

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи македонското Собрание, како контра одговор на бугарското Народно собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени и со самото тоа, како што вели, афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент.

Европа и нејзиното мото обединети во различностите би требало да важи и за Македонија и сметаме дека за тие прашања не би требало да има преговори, напротив тие прашања треба да бидат поддржани  од сите политички партии во Република Македонија дека не треба да се преговара, напротив треба да бидат афирмативни. Мислам дека Собранието би било добро како контра одговор на Бугарското национално собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потвредени и со самото тоа афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на  овој континент, рече Милошоски.

Запрашан за тоа дали неговата партија ќе поддржи отворени листи за локалните избори, Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери се спремни да дикскутираат за секоја тема, вклучително и за подобрување на Изборниот законик за локални и парламентарни избори.

Според нивните сознанија, како што истакна, во моментот во владината коалиција не постои усогласеност по однос на изборните измени и изборниот модел за локални и парламентарни избори.

Ние како опозиција не чуствувме дека треба да бидеме супститут за несогласувањето во владината коалиција и затоа упативме прашања до министерот за правда и до Владата дали неговите изнесени ставови на прес-конференција за отворени листи за поразличен модел за локалните и парламентарни избори се заеднички и конечен став на владината коалиција, изјави Милошоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе