Македонија Топ вести

„Насилство пред Општина Центар“ продолжува на 24 септември со завршни зборови на обвинителството

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 24 септември со завршни зборови на обвинителството, откако на домашното рочиште заврши доказната постапка.

Судот на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.

Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци се отфрлаат како неосновани, бидејќи не се однесуваат на нови околности.

На денешното рочиште одбраната изведе дополнителни материјани докази, кои судот прифати да бидат изведени во дополнителна постапка.

Одбраната на Миле Јанакиески, на почетокот на денешното рочиште за  побара од судот во дополнителна доказна постапка да бидат сослушани Ивица Коневски и Кирил Божиновски, како и да бидат презентирани сите прислушувани разговори, доколку постојат такви, меѓу нивниот клиент и лицето Томислав Лазаров.

Обвинителот Бубевски,  во однос на предлозите на одбраната рече дека дополнителните материјалните докази, кои се документи и записници, се прифатливи.

По однос на останатите докази сметам дека од веќе изнесените докази се искристализира дејството на овој криволно правен настан и нема потреба да бидат прифатени. Во однос на вербалните докази, сите кои беа веќе предложени беа повикани. Дел беа сослушано, а дел не дојдоа и сметам дека нема потреба од дополнително оптоварување на постапката, изјави Бубевски.

Миле Јанакиески, пред судот, рече дека како одбрана предложиле 15 сведоци и досега не е сослушан ниту еден, и побара за разбирање од судот и да му бидат прифатени барем 2-3 сведоци.

Обвинетиот Александар Трајковаки, побара од Судот да биде сослушан владиката Агатангел.
Сослушување на владиката Агатангел, побара и адвокатот по службена должност на Никола Груевски.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе