Македонија Топ вести

Смртност од корона – Први по број на починaти, втори зад Косово по морталитет

Јавноста се навикна на високиот број на починати од заболените, но лекарите го вклучија црвениот аларм откако меѓу починатите се вброија двајца двесетгодишни пациенти. Дали состојбата е излезена од контрола или станува збор за грешки во терапијата, ненавременто носење во болница и проблеми со респираторните апарати е прашње на кое веднаш треба да одгoвoрат влстите, вели микрибиологот Никола Пановски.

И по 661 починат во земјава не се прават обдукции за да се анализиираат причните за смртта, посочува Пановски. Според него досега здравствените власти не дале извештај како 4-те востановени терапии влијалеле во лекувањето на болеста Ковид-19 предизвикана од корона вирусот.

Загрижувачка е и одлуката владата вештачки да ја нормалзира состојбата со короната и да ги врати хронично болните и трудниците на работа, додава Пановски, кој исто така се согласува со министерот Венко Филипче дека вирусот е докажан во ширењето во затворен простор и со заладување драстично ќе се зголемува вирулетноста.

27 починати цела претходна недела, во новата само вчера 9. Македонија е втора на Балканот по морталитетот зад Косово и трета во бројот на починати зад Србија и Босна и Херцеговина, земји најмалку двојно поголеми од Македонија а со само сто жртви повеќе во вкупниот број на починати. Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4%, а се намалил за 0,3 проценти, за седмица претходно.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе