Во саботата протестираа, а денеска жителите на „ Ѓорче Петров“ , доставија барање до градоначалникот Наумоски и до Советот, за ревидирање на усвоениот нов ДУП „Северозапад-24“, за месноста Јурија – Дексион. Според планот, предвидена е изградба на разбиена висококатница со стотици станови, со која жителите на „ Ѓорче“ не се согласуваат во интерес на зеленилото. Нивното барање е во три точки.
- Под еден: Намалување на катноста на зградите и укинување на уредбата што дозволува висина од 58 метри или 17 ката. Под два: Да се намали бруто градежната површина која сега изнесува над 90 000 метри квадратни и 800 станови. Под три: Намалување на опфатот на градешната подршина и зголемување на површината на зеленилото, вели Горан Костов- „ Иницијатива против урбано дивеење во Ѓорче Петров
Од Иницијативата од каде се пожалија на нови градби и во урбаната заедница Хром, го повикаа градоначалникот и Советот, да застанат на старана на хуманото живеење на граѓаните, а не на урбаната мафија и профитот. Очекуваат барањата да бидат разгледани на следната седница на општинскиот Совет, а доколку тоа не се случи, најавија обжалување на ДУП-от пред Уставниот суд и нови протести пред зградата на општината Ѓорче Петров. Од таму пак со одговор дека новиот план нуди современ концепт за развоните потреби и дека одобрение за градење се уште не е дадено.
- Максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на целата површина за градење со височина од 58 метри. Со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината, соопштија од општината.
Протокот на воздух нема да биде спречен, планирана е и изградба на парк на површина од над 4000 метри квадратни. Сепак кога ќе стигне ќе биде разгледано барањето на Иницијативата, дополнуваат од општината Ѓорче Петров.
Сотир Трајков