Вести Македонија Топ вести

Тетовските комуналци шест месеци без здравствено и пензиско осигурување

Поради доцнењето на платите и немањето здравствено осигурување 6 месеца, на протест денес излегоа 70-тина вработени во Работната единица Комунална хигиена при ЈКП Тетово. Се жалат дека дел од нив се со хронични заболувања, па лековите мора да ги плаќаат приватно. Од раководството досега добивале само лажни ветувања.

Според раководството на ЈКП Тетово „Комунална хигиена“ незадоволството изразиле само дел од работниците за кое сметаат дека не е оправдано со оглед дека здравствено и пензиско осигурување нема за ниту еден работник од околу 300 вработени во јавното претпријатие.

Претријатието работи со загуби поради пандемијата овие шест месеци. ЈКП се соочува со загуба од 26 милиони денари, а причина се неплатени сметки од страна на граѓаните. Сега ова треба да се коригира со ребаланс на буџетот на општинскиот Совет за итно решавање. За придонеси месечно се потребни 8 милиони денари. Работиме на тоа со Фондот за здравство да се земаат лекови и да се користат услуги во јавното здравство, но треба да се почека да се именува нов директор. Работниците ми рекоа дека бараат од државата да помогне, изјави Џелал Цека.

 Работниците се пожалија дека како вработени со ниски примања не добиле никаква помош од државата како што се ваучери и други поволности.

 

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе