Македонија

Европската перспектива и Договорот од Преспа на маса на средбата Мицотакис – Заев

Европската перспектива, билатералните односи, како и темите што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно комисиите и сл, ќе бидат дел од прашањата за кои во среда ќе разговараат премиерите на Северна Македонија и Грција Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис на нивниот работен ручек во Атина, откри портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Пецас истакна дека е „многу важно што ќе постои можност за разговори“, по изборите кај нас и додаде дека повеќе детали ќе бидат соопштени по средбата, односно по работниот ручек.

На новинарско прашање околу тоа дека нема напредок во комисиите како за учебницте, така и за трговските ознаки и за пораката што евентуално би му ја пренел Мицотакис на Заев, Пецас рече дека најважна е европската перспектива на земјите од регионот, а преку процесот на отворање и затворање на поглавјата, „може да се решат многу прашања“.

-Многу е важно што ќе имаме можност одново да разговараме, по изборите во соседната земја, според тоа ќе ги видиме сите овие теми и потсетувам дека ние сме од оние кои од прв момент имаме кажано дека можеме да разговараме за нашите теми, како овие што ги споменавте, но најважна е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, преку која можеме да решиме многу прашања, преку интегративните, прединтегративните поглавја што ќе се отовраат и ќе се затвораат, објасни Пецас.

Премиерот Заев, утре и задутре ќе биде во дводневна работна посета на Грција, во среда ќе учествува на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, во организација на Економист, а освен работен ручек со неговиот грчки колега Мицотакис, ќе се сретне и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе