Економија Топ вести

Четвртиот пакет мерки со помош за образовните процеси и згрижување на предучилишните деца

За една недела ќе се знае што точно ќе содржи четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од коронакризата, но и колку средства ќе се издвојат за него.

Она што во моментов извесно е, како што информираше, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, е дека тој ќе биде значително голем. Она што ќе го содржи, вели тој нема многу да му се разликува од претходните пакети, бидејќи и овој се следи структурата на БДП.

„Но ќе отиде и малку подалеку, а тоа е да се помогне и во секторите за кои што можеби претходно немаме дадено помош, а тоа е директно поврзано со образовните процеси  со згрижувањето на децата во предучилишна возраст , но и низа на други мерки кои значат стимулација, кои што можеби граѓаните и компаниите не ги гледаат како директна финансиска стимулација“, вели Битиќи.

Колку точно ќе тежи, пак ќе зависи од ребалансот на буџетот и од проценките на институциите дали ќе ги искористат или не до крајот на годината средства кои им се на располагање.

На сите кои ќе пријават дека нема да можат да искористат најмалку 95 проценти од средствата, тие со ребалансот ќе бидат пренаменети за четвртиот пакет помош.

„Мислам дека на почетокот на неделата ќе имаме точна информација. Во зависност од таа проценка ќе можеме на крај од неделата да донесеме заклучок на економскиот совет во владата за тоа, колкав ќе биде целиот пакет. Но секако тоа што можам да кажам, ќе биде значително голем економски пакет“, вели Битиќи.

Планот е новиот пакетот економска мерки да ги опфати месеците до крајот на годината и, како што вели Битиќи, да опфати повеќе категории на луѓе.

За четвртиот пакет мерки ќе се искористат и преостанатите 30-на проценти од евро-обврзницата од 700 милиони евра која ја издаде владата во мај кога беше направен и ребаланс на буџетот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе