Вести Економија Македонија Топ вести

(видео) Штедачите на Еуростандард Банка бараат помош од државата

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска побара итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физички и правни лица од Еуростандард Банка, и во целост парично ќе ги обештети. Потоа, државата да наплати од стечајната маса.

За ова барање, од Здружението посочуваат дека доставиле предлог закон на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, каде како што велат, била искажана волја за решавање на овој проблем.

Николоски Дејан, член на Иницијативниот одбор на Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард Банка на денешната прес-конференција истакна дека со нивното Здружение секојдневно пристигнуваат пораки со прашања на штедачите што да прават со своите заштеди во банките, но за жал, како што рече, не можат да дадат конкретен одговор.

Пропаѓањето на Еуростандард банка или црната за нас среда, 12 август, не остави без нашите лични парични средства. Се работи за цели семејства кои се погодени и фирми кои во ова време на пандемија се соочуваат со проблеми со ликвидност и затворање. Верувавме во систем којшто не заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција регулирана и контролирана од државата, рече Николоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе