Македонија Топ вести

Кафулето во Бисер пломбирано, журките во Аватар продолжуваат- се пререгистрирал во кафуле

Ниту пломбите од пазарните инспектори, ниту казните и кривичните пријави не ставаат крај на журките на кои не се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19.

Журките во струмички Аватар продолжуваат. Наместо ноќен клуб локалот сега е пререгистриран во кафуле. И за овој викенд се најавуваат нови забави.  Пазарната инспекција го затвори на 21 јули, но откако пак почна со работа во објектот повторно на големо се правеа журки. На фејсбук се споделуваа видеа од забавите со стотици гости.

Минатиот викенд заработи и кривична пријава од полицијата. Не се почитувале мерките за заштита од Ковид 19, а заработи и казни за  гласна музика и  присуство на малолетници. Од Пазарниот инспекторат велат сега ќе чекаат ново прекршување на законите како кафуле, за пак да можат да го затворат.

Утринава  пак инспекторите го пломбираа кафулето во Т.Ц Бисер во Аеродром  кое ја организираше првосептемвриската забава за средношколците. Ги чекале законските три дена, за затворање на објектот кој не е регистриран, чиј сопственик е физичко лице. За забавата без маски и дистанца заработи прекршочна пријава и забрана за вршење на дејност.

И додека угостителите ги користат законските можности, а институциите се сопнуваат на дупките во законите, забавите во време на корона пандемијата не престануваат. Инспекторите велат проблеми има во повеќе локали, каде не се почитуваат ниту протоколите, ниту работното време.

Александра Филиповска

https://youtu.be/WiMZHBRU1Ws

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе