Свет Топ вести

Вучиќ и Хоти кај Трамп

За околу еден час во Белата куќа започнува средбата на американскиот претседател Трамп со српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Хоти, кои во овие моменти се на состанок со американскиот државен секретар Помпео. Но каков договор ќе биде потпишан дали за економска нормализација или и за меѓусебно признавање на Косово и Србија. Спорната точка број 10 во која има реченица дека Србија ја признава независноста на Косово, според медиумите, веќе е не постои на страниците на договорот. Специјалниот пратеник на Белата куќа за преговорите Белград – Приштина, Ричард Гренел рече дека е остварен напредок и дека тој се надева на решение. Во изјава за Newsmax, тој вели дека нема преговори без изненадувања.

-Мислам дека нема преговори во кои нема некои изненадувања, кои се секогаш добри. Тие вршат притисок на двете страни да направат повеќе, да создадат повеќе. Значи да, им приуштивме некои изненадувања, но мислам дека ниту една од страните не беше многу изненадена, некогаш се преправаат пред медиумите дека е тоа поголемо изненеадување отколку што е, вели Ричард Гренел, специјалниот пратеник на Белата куќа.

Зад затворени врати без присуство на мадиуми, но и без мобилни телефони се одвивање состанокот на државните делегации. Но, српски Блиц објавува што пишува во спорната точка 10 од 16-те во договорот. Двете страни се обврзуваат на меѓусебно признавање, заштита на етничките малцинства, враќење на сопственоста, решавање на прашање на лицата без државјанство и се согласни за отворање на канцеларии чија задача ќе биде заштита и редовно известување за малцинските права секоја година.

Вучиќ ги смирува своите дома- да не се плашат дека ќе потпише документ за признавање на Косово.

-На луѓето во Србија да им кажам дека нема опасност да потпишам било каков документ кој постои признавање на Косово. Точка, дециден Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Преземени се чекори кон постигнување на договорот, дециден од Вашингтон косовскиот премиер Абдула Хоти, кој ја истакува американската поддршка. Денеска се очекува потпишување на она што е договорено вчера.

–Можам да кажам нешто, неприфатливите договори за Косово никогаш не дошле, а нема ни да дојдат од Белата куќа, постигнавме напредок околку договорот за економска соработка и сме чекор поблиску до затворање на ова прашање, вели косовскиот премиер Абдула Хоти.

Познавачите на состојбите сметаат дека на Косово и Србија во договорот ќе им бидат ветени огромни американски инвестиции и дека потписниците ќе се обврзат дека едната и другата страна ќе се ангажираат кон „неформално признавње на Косово“.

Трамп уште во декември ги охрабри Тачи и Вучиќ дека ќе ги угости во Белата куќа, за да го прослават историскиот договор.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе