Наставнциите деновиве добија насоки што да направат ако некој ученик крене температура, каплам или е исцрпен – симпотоми кои се карактеристични за КОВИД – 19. Во документот кој стасал до наставниците во основните и средните училшта потенцирано е дека , секое училиште ќе мора да назначи одговорно лице кое ќе мора да контактира со Центарот за јавно здравје, ако во школото некое дете заболи или е сомнително на корона вирусот.
„Доколку ученик за време на престој во училиште развие покачена телесна температура над 37,5 Целзиусови степени и има симптоми карактеристични на Ковид-19 (исцрпеност, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.), веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето. Додека ученикот е во изолација за него се грижи определено лице назначено од училиштето. Назначеното одговорно лице од училиштето веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во училиштето“ – Алгоритам за постапка при појава на дете со симптоми на КОВИД – 19
Следен чекор е јавуавањето во ЦЈЗ и матичниот лекар или педијатар на ученикот. По направената епидемиолошка анкета , се одлучува дали на ученикот ќе му биде направен ПЦР тест. Ако тестот е позитивен задача на епидемиолозите ќе биде да направат проценка дали соучениците на ковид позитивниот ученик ќе одат во изолација. Решение за изолација како и досега , ќе издаваат здравствените инспектори, а за можното ковид –жариште ќе мора да се извести и МОН.
„Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето. Назначеното лице одоговорно за контакт го известува Министерството за образование и наука за појава на потврден случај на Ковид-19 во училиштето“ – Алгоритам за постапка при појава на дете со симптоми на КОВИД – 19.
Второто сценарио е негативен тест на ученик кој се тестирал . Во документот стои дека оние ученици со негативен резулатат со потврда со матичен лекар дека немаат симптоми , ќе се вратат назад на училиште. Контролата врз спроведување класичната настава во ек на пандемија ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат .Од овие процедури и грижи ќе бидат поштедени оние кои ќе следат онлајн настава . Но ,сепак како ќе изгледа најавената национална платформа за он – лајн учење не е познато, но од МОН велат дека таа воо овој момент тест верзија.
Инаку наставата ќе почне на 1 октомври. Учениците до 3. одделение ќе одат во училиште со дозвола на родителот, а другите ќе имаат онлајн-настава. Класична настава може да има и во други одделенија или класови во училишта ако тоа го дозволува епидемиолошката слика, односно ако одобри државата.
Теодора Цветковска