По 8 те дена поминати во охридскиот затвор советникот Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим добија уште 30.
Охридскиот суд го прифатиле предлогот на обвинителствто кое бараше на притворот поради опасност на бегство, откако поднесе обвинение против двајцата осомничени за насилство.
Одбраната може да се жали на притворот. Усеини се обидоа со гаранција од 30 ијади евра да излезат од притвор уште првиот пат, но иако охридскиот суд прифати, апелација го укина ваквото решение.
Притворот следуваше по обвинението за насилство.
Обвинителството ги товари дека пред хотел во Охрид со тупаници го удирале охриѓанецот Спирко Топаловски со тврд предмет во облик на пиштол. Оштетениот првично тврдеше дека видел пиштол но потоа го смени исказот и рече дека добил удар од назад па не видел оружје.
Тоа резултираше делото недозволено држење оружје од кривичната пријава да отпадне од обвинението .
Од семјството на Усеини не сакаа да коментираат за обвиннието на браќата кои се во притвор ниту за уривањето на дивоградбите но ги негираат обвинувањата во јавноста дека е нивен багерот од снимките кои ги објавија невладините на социјалните мрежи.
“Механизација што е снимена како копа во езерото не е наша и во тоа се увери и полицијата која дојде и направи увид. Не знам чиј е но нашата фирма никогаш не вадела песок од езерото за потребите на бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности” – тврди Кујтим Усеини, брат на Нефи Усеини.
Од општина Охрид пак велат дека до општинскиот инспекторат не е поднесена никаква пријава за постапување на терен и објаснуваат дека по допрен глас не можат да постапуваат.
Елена Ивановска Мукоскa