Македонија Топ вести

Искази на сведоци на новото рочиште за „Тврдина – Таргет”

Со сведоци кои не биле присутни на претходнте рочишта денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе продолжи главниот судски случај за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет“. На претходните рочишта во овој предмет сведочеа вработени во компанијата Ериксон, кои во своите искази наведоа дека за одржување на системите за следење на комуникациите во УБК тие биле организрани во дежурства, односно при нивна интервенција во системот секогаш имало преставник на УБК.

По завршување на оваа група на сведоци, кои од различни причини не се појавиле на претходните рочишта на ред ќе бидат новинарите и бизнисмените. Обвинителката Ленче Ристовска, за МИА, изјави дека за 2-3 рочишта максимум ќе почнат со презентација на оштетените лица како сведоци во предметот „Тврдина-Таргет“.

Главни обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, односно неколку вработени во поранешното УБК.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Обвинетите во овој случај според обвинението се товарат дека во период меѓу 2008-2015 година нелегално прислушувале над четири илјади телефонски броја. Судењето по предметот „Таргет-тврдина“ е започнато на 22.12.2017 година и уште е во фаза на доказна постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе