Некои ученици ќе учат онлајн –други ќе се вратат на класичната настава која им беше прекината во март месец поради пандемија, наставниците без разлика на изборот на родителите и училиштата сепак секој ден ќе мора да предаваат во училница.
Ама сите ќе одговараат и ќе бидат оценувани во школо. Вака , отприлика изгледа дел од новиот план за учебната година, кој ги збуни и учениците, нивните родители и наставниците.
Сепак со многу прашалници ќе мораат до 10-ти септември да одлучат како ќе ја организираат наставата.
Досегашните анкети и истражувања и на училиштата и на МОН покажале дека повеќето се за класична настава, а мал е процентот на оние кои сакаат он – лајн учење.
Проблемите со интернет, немањето компјутери се пресликуваат и пред стартот на оваа година.
Дури 10 проценти од учениците немаа услови за ваква настава.
Таков пример има во училиштето „Аврам Писевски“ во Бардовци , каде што основци од социјално загрозени семејства немаат комјутер за да можат да учат од дома .
Овој проблем, велат од МОН ќе се реши со тоа што ќе се испечатат предавањата и ќе им бидат дадени на учениците.
Инаку протоколите за настава беа донесени минатата недела, планот за школската година во корона пандемија помина на Влада вчера на 1 септември, кога да немаше епидемија на КОВИД -19 учениците ќе се вратеа на училиште.
Па, така продолжениот распуст од еден месец, група на средношколците го искористија да се забавуваат во скопско кафуле во трговскиот центар Бисер , без маски и без дистанца, спротивно на протоколите за заштита од вирусот и оние кои ќе треба да ги почитуваат кога ќе почнаат на школо.
Теодора Цветковска