„Сакаме да учиме!“, скандираа средношколците од МОН до Владата. Тие бараат од 1 октомври школската година да почне со комбиниран модел на настава. Да се даде шанса секое училиште само да одлучи дали ќе ги отвори вратите за учениците или пак тие ќе учат од дома.
Збирно место за протестот беше министерството за образование, часот 17:30 , но претходно новата министерка за образование Царовска ги повика на средба , па го почна првиот работен ден зборувајќи со средношколците , на за нив горливи и актуелни теми.
На протестот излегоа две средношколци, родители, активисти – сите со барање за еден месец училишната година во ек на корона пандемија да биде комбинирана
Царовска пак , соопшти дек онаму каде што има услови наставата може да почне со физиичко присуство и дека сепак треба да се најде баланс помеѓу јавното здравје и учењето. Ова е една од неколкуте средби помеѓу претставниците на средношколците и МОН, а тие и кажаа дека доколку не се исполнат нивните барања ќе ја бојктираат наставата.
Теодора Цветковска