Вести Македонија Топ вести

Повторно се воведува трета смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир

По пауза од шест месеци пациенти кои чекаа термин за магнетна резонанца во поликлиника Чаир ќе можат да закажат снимање и во трета смена. Поради почицискиот час кој беше воведен како заштитна мерка против корона вирусот поликлиниката работеше само во две смени .

 Инаку , само во оваа поликлиника магнетна резонанца прават повеќе од 3000 пациенти од земјава.

Останатите поликлиники во Скопје работата само две смени , а како дежурна е поликлиника Букрешт, додава директорот на Здравствен дом Скопје,  Исјановски.  Инаку пред неколку денови министерството за здравство информираше дека доколку трендот со коронавирусот остане непроменет дел од клиниките со редовен прием на пациенти би стартувале од утре . А, системот „Мој термин“ ќе биде изменет. Со него нема да се закажуваат веќе одложените пациенти од изминатите месеци, бидејќи клиниките ги имале нивните имиња и биле направени интерни списоци по кои тие ќе бидат повикувани во болниците.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе