Вести Македонија Најважни

Спасовски: Домашни платежни картички за пензионерите, стечајците и самохраните родители

Пензионерите кои имаат пониски пензии од 15 000 денари, невработените, барателите на работа, самохраните родители и стечајците да добијат домашни платежни картички. Овие категории граѓани ќе бидат во фокусот на идната влада со пакет мерки кои веќе се кројат. Иако техничкиот премиер во заминување Оливер Спасовски ги изостави компаниите во одгвор на новинарско прашање спомена дека се разгледуваат и состојбите во стопанството и дека се разгледуваат различни опции и за поддршка на бизнисите, односно за оддредени стопански гранки.

Владата да не ги изостави компаниите потсетуваат од организацијата на работодавачи. Изгубените работни часови, отказите и намалниот извоз заради раскинати договори се само дел до штетите кои ги трпаат фирмите.

Димитров потсети и на аномалиите во мерките од првите три сета. Дел од фирмите пријавиле загуби но не подлежеле на субвенционирана минимална плата, додека пак фирми кои добиле помош ги злоупотребиле парите, неместо да ги исплатат за плати на работниците.  Владата од заеми и кредити обебзеди 550 милиони евра за да се стимулира економската активност за време на пандемијата за три сет мерки од март навака. Работодавците и коморите, пак, предупредуваат дека последиците од кророна кризата ќе се одразат во бруто домашниот производ, а најавуваат дека доцна наесен ќе се затвораат и компании кои не успеале да ја победат кризата. Засега само туристичките работниците револтот го изразија преку простет, а најавија и затворања и откази бидејќи владата за нив не донела ниту една мерка за помош н секторот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе