Претседателот на СДСМ Зоран Заев го доставува до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.
До собранието ќе предложам одговорни, отчетни и професионални кадри, рече Заев.
Тој очекува овие предлози да го добијат потребното мнозинство од пратениците.
Поднесувањето на предлог составот на новиот владин кабинет следува по повлекувањето на пратениците кои ќе бидат идни министри и верификацијата на мандатите на новите пратеници кои дојдоа на нивните места во законодавниот дом.
Новата Влада ќе биде помала, односно ќе има 19 министри, наместо досегашните 26.
🔴[Во живо:] Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Зоран Заев пред Собрание
由 Zoran Zaev 发布于 2020年8月26日周三