Македонија Топ вести

Продолжува рочиштето за „Таргет-Тврдина”

Со презентација на сведоци денеска во Кривичен суд Скопје, продолжува рочиштето за предметот „Тврдина-Таргет”, каде меѓу првите обвините се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.

На вчерашното рочиште за овој предмет сведочеа стручни лица од телекомуникацискиот сектор кои во тек на перидот 2008-2015 како лица за поддршка имале пристап до системот за следење на комуникации во УБК на МВР.

Вработен во Ериксон Телекомуникаци Македонија, сведокот Момир Малетиќ, како сведок предложен од обвинителството, рече дека  28.10.2016 било направено испитување на системот за следење на комуникаците по барање на СЈО, односно по ова проверка која ја вршело експерт на Ериксон било констатирано дека се аркивирани серверите на ЛИИМС.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе