Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-23, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-2, Велес-5, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-12, Струмица-1, Пробиштип-3, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Неготино-1.
Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-1, Битола-3, Кавадарци-11, Гостивар-22, Демир Хисар-1, Кичево-2, Неготино-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациент, нема на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 54 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 позитивни, една мајка и две деца суспектни на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110, позитивни и сомнителни на ковид-19.