Со држење на дистанца од над два метра, заштитни маски, визири и дезинфекциони средства почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ на отворените пунктови во Штип, Струмица, Скопје, Гевгелија и Кавадарци. Идните студентите изминатиот месец на електронската платформа можееа да си направат и профил.
Првиот уписен рок на 12-те факултети и трите академии е до 1-ви септември. Универзитетите годинава ќе очекуваат помал број на студенти, завршените матуранти се и првите кои стартуваат со новата девотелетка, а и настаните во 2001 година имале и влијание во однос на новорените деца. Анализите покажуваат дека годинава има околу 12.000 завршени средношколци. Универзитетите се уште немаат ансоки од Министерството за образование како ќе се одвива наставата.
На штипскиот универзитет слободни места има за 3.800 студенти на 90 студиски програми на 12 факултети и три академии.
Викторија Јованова