Македонија

„Моќник“ против Милошоски влегува во судска процедура, „бомбите“ предложени како индиции

Скопското обвинителството покрена обвинение за случајот „Моќник“ каде меѓу 13 мината обвинети се и пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски, неговиот татко, поранешниот градоначалник на Македонски брод Милосим Војнески, екс претседателот на лустрациската комисија Томе Аџиев и 9 членови на оваа комисија.

Измама и злоупотреба на службената положба се кривичните дела во ова обвинение кое  се однесува на два настани, а и во двата се споменува пратеникот кој се гони и за двете кривични дела. За него пишува и дека ја искористил својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа.

Првиот дел се однесува на измама при продажба на државен имот кој преку лицитација го купил таткото на пратеникот. Според обвинението советниците во општина Македонски брод биле доведени во заблуда. Сметале дека гласаат за отуѓување на „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со површина од 157м2 и дворно место од 3.920 м2 во  Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, велат од обвинителството.  Со продажбата на објектот и на земјиштето и нанеле штета на држвата и  наопштината од  околу 48 илјади евра, пресметале од обвинителството.  За објектот нанеле штета во вредност од 1.795.800,00 денари (над 29 илјади евра)  и за продажбата на земјиштето штета од 1.176.000,00 денари (над 19 ијади евра).

Откако градоначалникот на општина Пласница дознал дека објектот во кој е сместена администрацијата на општина Пласница и неговиот кабинет е продаден ја алармирал владата која формила и комисија, но третообвинетиот, како што стои во соопштението од обвинителството, искористувајќи ја својата позиција на пратеник од владејачката партија вршел континуиран притисок врз сите институции кои постапувале по овој предмет, за да остане во правна сила незаконитата продажба на објектот и земјиштето.

На Милошоски на товар му се става и тоа што го поттикнал тогашниот претсдател на Лустрациската комисија да отвори повторна постапка за лустрација над судијата Драги Билевски од Кичево. Според обвинеието, Аџиев и на тогашните 9 членови на комисијата иако знаеле дека не се исполнети критериумите донеле одлука за лустрација на судијата  кој бил времено оддалечен од вршење на функцијата а потоа и разрешен

Обвинението не се заснова на бомбите кои ги слушна јавноста,  вели обвинителката Фатиме Фетаи. Но ги предложила и нив меѓу останатите докази за да се изведат во судница, како посредни докази, односно индиции, како што и дозволува новиот закон за јавно обвинителство, објасни Фетаи за Телма.

Овој предмет СЈО го отвори во март 2018 а во фаза на истрага обвинителството го презема  заедно со останатите предмети на СЈО  пред речиси една година.

Попладнево на обвинението, преку ФБ реагираше Милошоски:

– Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците.
Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кои ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта.
Но, се ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев, напиша Милошоски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе