Ковид19 Македонија Топ вести

Над 80% од позитивните на корона вирус во Малешевијата се млади луѓе

Над 80 отсто од позитивните случаи на коронавируост во Малешевско-Пијанечкиот регион се млади луѓе.

Вирусот се раширирил пред, за време и по Илинденските празници на крајниот исток и тоа на забавите во угостителските објекти во централните градски подрачја.

Градоначалникот Звонко Пекевски вели дека до денеска во туристичко Берово има 27 активни случаи, а деновиве се зголемува и бројот на лица кои се во изолација. Имаат и случаи кои и самите се изолираат по контактите со заразените.

Загрижувачка е ситуацијата со коронавирусот во Берово. Преземени се низа на мерки, пред неколку дена имавме и состанок со угостителските објекти, кои сега ги почитуават мерките,  а инспектори во неколку наврати беа во контроли на овие објекти, вели Звонко Пекевски градоначалник на Берово

Загрижува e и растот на позитивни случаи во Делчевскиот регион, каде што денеска имаат регистрирано пет случаи на возраст под 30 години, со што и во овој град бројката на активни случаи се искачи на 27.

Деновиве низ кафулињата намален е бројот на гости, поради страв од ширење на заразата.

Во петокот извршена е дезинфекција на општинската зграда, а од утре ќе се работи по пат на дежурства, со што граѓаните нема да почуствуваат проблеми со добивање на  услугите, а на располагање им останува и електронскиот начин.

На истиот принцип се работи и во Центарот за социјални работи и во подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Директорката на Здравствениот дом, Марија Глигоровска вели дека активирани се и матичните лекари и направено е координативно тело, кое е во постојан контакт со сите надлежни здравствени работници и со здравствениот и санитарен инспектор.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе