Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски без јавно обраќање и ден по барањето за негова оставка од десетици членови на партијата кои ја испорачаа пораката „замини си“ пред вратите на партиското седиште. Подржувачите на актуелниот партиски претседател преку социјални мрежи ги критикуваат барателите за смена на Мицкоски- а партијата и денеска со став дека нема да се занимава со како што ја викаат Мериот коалицијата туку со проблемите кои ги предизвикува Заев.
Но внатрешното раслојување продолжува откако првин градоначалникот на Илинден Жика Стојановски изненади со тоа што се построи во редот на иницијаторите, а потоа објасни и преку фејсбук дека после три години неуспеси потребна е смена во ВМРО-ДПМНЕ. На ова реагираше Општинскиот комитет на Илинден со критика за својот градоначалник дека игра спротивно на партиските правила и со поддршка за својот партиски лидер.
Сега теренот за тронот се сели на пониско ниво во партиските комитети каде и двете страни „про“ и „контра“ Мицкоски ги убедуваат членовите да застанат со нив. Вонреден партиски конгрес е единствено решение кое го гледаат иницијаторите за лидерска смена доколку не стигне оставката. За аналитичарот Владимир Божиновски, наредните неколку месеци и постапките во опозицијата и во опозициската поставеност во Собранието ќе покажат дали и какви промени ќе има во ВМРО-ДПМНЕ.
Оставка од Мицкоски, бараат и Сашо Мијалков, Митко Јанчев, Филип Петровски, поранешни долгогодишни градоначалници и екс пратеници- но од актуелните никој засега не смета дека лидерот погрешил на изборите. Без разлика од тоа кој ги дели ставовите на јавна сцена- разврската ќе покаже кој има поголема моќ.
Иницијативата за смена на Мицкоски официјално пред јавноста е претставена вчера. Од Белата палата одговорија дека оставката треба да се бара по партискиот статут и преку Конгрес.
Миомир Серафиновиќ