Македонија Топ вести

Славица Анастасова не може да прими хемотерапија чека, инвалидска пензија и здравствено осигурување

Ова е Славица Анастасова – Османовиќ , 59 годишна сега веќе некогашна фармацевка. Пред еден месец се јавила кај својата матична докторка да и препише терапија. Тогаш дознава дека нема здравствено осигурување.  До следната хемотерапија за ракот на коски од кој две години боледува ја делат само три дена. Сепак на договорениот термин на онкологија нема да може да се појави и да ги прими цитостатиците, затоа што нејзините документи за добивање инвалидска пензија, стојат во фиока  во ПИОМ, вели таа.

Анастасова – Османовиќ во фебруари добива мислење и потврда од лекарска комисија дека е инвалид од прва категорија , и насока дека треба да поднесе барање за инвалидска пензија. Потребните документи на 12 мај ги носи во ПИОМ – три месеци подоцна нема никаков абер од пензијата која и следува. Сега освен што нема здравствено , не добива  никакви придонеси, вели , и кажале дека од фирмата во која работела не извршиле уплата во пензиско за 2007мата.

Вели дека не ги исконтактирала вработените на Онкологија, но вели свесна е дека и тие се беспомошни во оваа ситуација. Таа не испрати со истата мисла со која не пречека дека нема да треба и понатаму да се бори со институцииите , туку ќе се фокусира во борбата против болеста која ја донела во ваква безислезна ситуација.

Teoдора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе