Економија

НЛБ Банка – единствена банка со можност за достава на пензиите на домашна адреса

Сите клиенти – пензионери на НЛБ Банка имаат единствена можност нивната пензија да им биде доставена на домашната адреса. Заинтересираните за оваа услуга потребно е да поднесат барање во најблиската експозитура на Банката и да приложат важечки документ за лична идентификација.

Клиентите секогаш се главна грижа на НЛБ Банка и со оваа услуга сакаме уште повеќе да им го подобриме корисничкото искуство. Свесни сме дека сите не секогаш се во можност да посетат експозитура или банкомат за да ја подигнат својата пензија, особено доколку  живеат во руралните средини, и со доставата на домашна адреса се надеваме дека ќе излеземе во пресрет на што повеќе граѓани. Исто така, со оваа опција обезбедуваме и заштита во услови на пандемија – истакнуваат од НЛБ Банка.

Оваа можност е дел од Сребренот пакет на Банката, наменет за сите пензионери кои својата пензија ја примаат на сметка во НЛБ Банка. Преку овој пакет, на корисниците им е загарантирана исплатата на пензијата на првиот работен ден во месецот, како и користење на други продукти и услуги на Банката со поповолни услови: дозволено пречекорување на трансакциска сметка до две пензии, користење на кредитни картички со лимит до три пензии, кредитни и депозитни продукти со поповолни каматни стапки.

Сите заинтересирани клиенти дополнителни информации можат да добијат на следниот линк

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе