Македонија Топ вести

Пендаровски: Без доверба на граѓаните во институтциите државата нема перспектива

За прв пат без традиционалното војничко гравче но и за прв пат како членка на НАТО алијансата се одржа прославата на денот на Армијата. Плотуните од касараната Илинден го одбележаа стартот на свеченоста.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање нагласи дека  членството во НАТО ја крева на многу повисок степен и одговорноста на Армијата во која мора да се продлжи со инвестиирање модернизирање и опремување. Но тој се осврна и кон еден од најголемите проблеми во државата – криминалот и корупцијата кои се спротивни на темелните вредности на НАТО и ЕУ каде се клучни владеењето на правото и функционалната правна држава.

Министерката Радмила Шеќеринска пак кажа дека била разочарана од условите и состојбата во Армијата кои ги затекнала со стапување на функцијата. Зголемувањето на Буџетот на Армијата, повисоки плати, нова лична и борбена опрема и новите закони за Армијата се само дел од чекорите потребни за членство во Алијансата.

Началникот на ГШ, генерал мајор Васко Ѓурчиновски, истакна дека членството во Алијансата е огромен успех и признание и им се заблагодари на стратешките партнери за помошта во обуката на армијата и командниот кадар како и во опремувањето.

На прославата претседателот Пендарвоски со Орден за воени заслуги ги одликува Баталјонот за воено-медицинска поддршка, Третиот пешадиски баталјон од Првата пешадиска бригада и Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави.

Денот на Армијата го честитаа и премиерот Оливер Спасовски како и двајцата лидери на најголемите политички партии од македонскиот блок, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кои истакнаа дека нејзините припадници се луѓето на чиј грб почива државноста но и дека се гаранти на регионалниот и светскиот мир и стабилност и тѕреба да боидат горди на тоа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Почнува судењето за сообраќајката во која беше прегазена Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе