Ковид19 Македонија Топ вести

МАСИТ ќе работи на изнаоѓање решение за реализација на наставата

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ одлучи итно да состави стручно тело за изнаоѓање решенија за администрирање на образованието во претстојната учебна година. Одлуката е донесена вчера на вонредна седница на Управниот одбор.

Земајќи ја предвид комплексноста на состојбата, непредвидливиот курс на промени во земјава, регионот и светот настанати како последица на пандемијата КОВИД-19, како и на фактот дека сe уште на повидок нема конкретно решение за наставата, Управниот одбор и членките на МАСИТ едногласно ја изразија својата подготвеност приоритетно да се фокусираат на изнаоѓање на унифицирано, одржливо и применливо решение за реализација на наставата и образовните процеси во следниот семестар, но и понатаму, соопшти МАСИТ.

ИКТ-Комората наведува дека иако ниту една институција досега не им се обратила за соработка и совет, повод за оваа одлука на МАСИТ е текот на настаните со пандемијата, како и ургентната потреба од решение.

Комората ќе го формира телото како наменски конзорциум од компании членки кои веќе работат на слични решенија за странство и имаат докажана експертиза во областа и ќе понудат унифицирано решение кое е најадекватно за состојбата во која се наоѓа македонското образование во моментов.

Потребно е унифицирано, стабилно и одржливо решение за наставата во претстојниот период. Образованието, учениците и нивните родители треба да се предмет на итен и неодложлив фокус. Ние како комора, иако не сме консултирани досега, се чувствуваме повикани поради фактот што сите солуции за идна настава се базираат на дигитални решенија и токму на таа основа ќе го работиме проектот кој ќе го понудиме до надлежните институции, објаснува Анета Пешева, претседател на УО на МАСИТ.

Анализите на ИКТ-Комората се базирани на мониторинг на состојбите во земјава и странство и ги земаат предвид сите аспекти на кризата: здравствениот, економскиот, образовниот и социјалниот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе